Цвеќиња во домот кои носат љубов, пари и среќа

Фото: Профимедиа

Цвеќињата не се само украс во домот. Според верувањата, некои цвеќиња можат да ви го променат животот, да прививлечат љубов, разбирање, пари, среќа…

Се верува дека овие пет билки имаат магични способности и буквално можат да направат чуда. Ставете една од овие билки во вашиот дом и ќе бидете изненадени од пријатните промени кои ќе почнат да се случуваат.

Темјанушка

Овој цвет е погоден за оние кои веќе се во брак, но доживуваат привремени потешкотии или само сакаат да ги избегнат. Темјанушката симболизира лојаност, верност, наклонетост. Со оваа билка во домот нема да се плашите од неверство.

pixabay

Спатифилум

Оваа елегантна билка со сложено име се преведува како „женска среќа“, па со самото тоа и ефектот зборува сам за себе – носи љубов и внимание од околината и луѓето кои живеат со вас, го зајакнува семејството, привлекува љубов и им носи добро здравје на жените.

profimedia

Хибискус

Кинеската роза позната како хибискус, како што верува народот во Азија, нема да дозволи љубовта и страста да исчезнат со децении.

pixabay

Красула

Оваа билка се нарекува дрво на парите, и тоа не напразно. Според Фенг-шуи, билката носи пари во домот, привлекува благосостојба и енергија на богатство.

profimedia

Антуриум

Антуриумот е одговорен за среќа – сè е лесно за сопственикот на оваа билка, добри понуди доаѓаат во вашите раце, а лошите работи се заобиколуваат.

profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот