Овие 7 нешта им беа дозволени на ДЕЦАТА ОД 80-ТЕ И 90-ТЕ, но не и на денешните

деца

Вашето детство не можете да го споредите со она на вашите деца, бидејќи некои нешта кои за вашите родители беа сосема нормални, вие не можете ниту да ги замислите.

Модерното време многу го промени светот, а со тоа и начинот на воспитување и водење на домаќинството.

Ова се седум нешта поради кои вашите родители не се грижеле многу, но вас ви се крева коса на глава од нив:

Децата остануваа сами дома

Во многу семејства со двајца вработени родители се случуваше децата да бидат сами дома додека некој да се врати од работа. Децата носеа клуч на ланче на вратот и знаеја самите да си земат од фрижидерот храна и да гледаат телевизија без да направат неред.

Возење велосипед без кацига

Потсетете се само како вие научивте да возите велосипед без воопшто да имате кацига или штитници за лакти и коленици. Вашите родители не се грижеа дали ќе заработите некоја рана или модринка, бидејќи тоа беше сосема нормално. Секако, не би можеле да замислите да се однесувате така со вашето дете.

Возење во автомобил без седишта

Според новите закони, задолжително е малите деца да се возат во прилагодени седишта во автомобил, заштитени со појасите за врзување. Но, некогаш децата безгрижно лежеа и седеа на задните седишта.

Играње на улица

Сосема беше нормално да си играте со децата во другото маало, да се валкате во песок, да јадете недозреани кајсии, да се искачувате по дрвја… За денешните родители ова е речиси невозможно, бидејќи го следат секој чекор на своите деца.

Сосема поинаква исхрана

Никој не се грижеше ниту за органско одгледување храна, ниту за ГМО, ниту пак за тоа какви адитиви има во храната. Од оваа гледна точка можеби и имаме голем напредок, бидејќи сме свесни за тоа каква е индустриската храна достапна во продавниците.

Вода од чешми и од црево

Голем број домаќинства денеска имаат вграден филтер на чешмата или пак користат вода во пластична или стаклена амбалажа.

Постарите деца се грижеа за помладите

Сосема беше нормално едно 7-годишно дете да се погрижи за своите помлади браќа и сестри и одговорно да ги исчува додека родителите да се вратат дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот