Овие 6 прехранбени продукти ја трошат вашата енергија и постојано сте уморни

храна

Недостатокот на енергија некогаш се должи на динамичниот начин на живеење, но уште почесто причината за тоа е и лошата исхрана.

Постојат намирници кои, ако претераме со нив, прават да се чувствуваме преморено. Некои од нив ќе ве изненадат што се наоѓаат на овој список.

Тестенини

Јаглехидратите ни се потребни за да може да ја подигнат енергијата, но рафинираните шеќери доцедуваат до пад на инсулинот, па затоа и чувствуваме слабост по консумирање поголема количина тестенини.

Сок од портокал

Сокот од портокал купен во тетрапак-пакување во себе содржи пченкарен сируп полн со фруктоза, како и вештачки шеќери и подобрувачи на вкусот. Затоа, подобро е да го цедите од портокали или да ги јадете.

Јогурт

Само јогуртот од проверен производител е добар за вас. Во најголемиот број јогурти е додавано млеко во прав и други хемикалии за згуснување, кои дефинитивно не ви се потребни.

Мисиркино месо

Во мисиркиното месо природно има аминокиселина триптофан, која е природен седатив и поради тоа, ако јадете често мисиркино месо, можете да забележите пад на енергијата потоа.

Леб и бели печива

Ситуацијата е иста како и кај тестенините. Подобро е лебот и печивата да ги замените со производи од интегрално или хељдино брашно, со цели зрна семки и житарици.

Пржена храна

Испржената храна бара посилна преработка во телото, па тоа енергијата ја насочува кон дигестивниот систем, а вас ве остава уморни и поспани.

НЕКОИ СЕКОЈ ДЕН ГИ КОНСУМИРАТЕ: 8 видови храна кои ги влошуваат мигрените

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот