Овесни бисквити со чоколадо – слатка закуска со помалку калории

Фото: Unsplash

Oвесот се вбројува во најздравите житарки што воопшто можете да ги најдете на пазарот. Тој е навистина богат извор на микро и макронутриенти и одличен извор на растителни влакна. Хранливот состав на овесот е добро балансиран. Тоа значи дека тој е добар извор на сложени јаглехидрати, но во исто време и на растителни влакна.

Покрај тоа што се одлична идеја за десерт за студените зимски денови, овие овесни бисквити му прават услуга на вашето тело нудејќи му здрава верзија на слатка закуска.

Состојки:

– 125 грама несолен путер
– 80 грама кафеав шеќер
– 2 лажици мед
– 100 грама овесни снегулки
– 100 грама брашно
– 1/2 лажичка сода бикарбона
– 1/2 прашок за печиво
– 1/2 – 1 лажичка морска сол (по вкус)
– 100 грама чоколадо
– 10 грама путер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и поставете хартија за печење во неколку садови за печење. Со помош на миксер, матете ги путерот и шеќерот сè додека не добијат бледа боја и мазна површина, а потоа додајте го и медот и продолжете да мешате додека не сè соединат. Намалете ја брзината на матење и додајте ги овесните снегулки, брашното, сода бикарбоната, прашокот за печиво и солта.

Откако ќе добиете комбинирана смеса, почнете да одвојувате мали парчиња од тестото и формирајте ги во топчиња кои потоа ќе ги исправувате со притискање врз садот за печење сè додека не добијат големина од 50-тина милиметри. Оставете простор помеѓу нив, со цел да можат тие да растат. Печете ги 10 – 12 минути или сè додека не добијат кафеава боја, а потоа извадете ги од рерната и дозволете им да се оладат во садовите за печење.

Стопете го чоколадото и путерот заедно во сад кој е отпорен на топлина и поставен врз тенџере со вода која врие. Поставувајте по 1 лажичка од чоколадниот прелив врз секое од колачињата и разнесете го рамномерно врз нив. Оставете да се стврдне пред сервирање.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот