Овде има ДОВОЛНО МРАЗ за нивото на морето ДА СЕ ПОДИГНЕ ЗА 7,5 МЕТРИ: Веќе се стопиле 12,5 милијарди тони во еден ден! (ВИДЕО)

Вселенската агенција НАСА сè повеќе го врти фокусот на истражувањата кон Земјата, што воопшто не зачудува со оглед на тоа што само на Гренланд се стопиле повеќе од 12,5 милиони тони мраз за само еден ден.

Така 2 август влезе во историјата како датум кога е забележена најголема загуба на ледената покрива, што се случи за време на големиот топлински бран што ги зафати Америка и Европа.

Во малото село Кулуисук на Гренланд, НАСА поставила база за својата научна програма ОМГ (Oceans Melting Greenland). Научниците таму истражуваат не само колку зголемените температури на воздухот влијаат на топењето на ледената покривка, туку и какво влијание имаат на сè потоплиот океан кој го растопува мразот одоздола.

„На Гренланд има доволно мраз за да се подигне нивото на морињата за 7,5 метри, што е голема количина и тоа би било разорувачко за крајбрежните подрачја во светот“, рекол за CNN океанографот Џош Вилис.

„Веќе би требало да се повлекуваме од бреговите ако се соочиме со толку изгубени метри во следните 1-2 века“, додал Вилис.

 

БОНУС ВИДЕО:

Кајакари слушнале звук, мислеле дека е експлозија, тоа што ги дочекало ги ИЗБЕЗУМИ!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот