Овци и кози на улиците на Мадрид, наместо автомобили

Фото: Профимедиа

Стада на овци и кози ги заменија автомобилите низ улиците на Мадрид, а овчарите и козарите ги водеа своите стада низ главните сообраќајници на шпанската престолнина, одбележувајки ја традицијата на древните миграциски патишта за транзит на стоката. Ова е поради традиционалната парада Trashumancia, која е голема туристичка атракција во Мадрид.

Средновековна традиција

Традицијата започнува пред околу 5 векови, кога фармерите и овчарите од северна Шпанија со својот добиток поминувале низ Мадрид за да се „телепортираат“ кон потоплите, јужни краишта. Договор од 1418 година им дозволува на овците и козите да поминуваат низ градот доколку платат мала „такса“. Фармерите и овчарите застануваат пред т.н. градско собрание за да платат 50 маравиди – бакарни монети кои првпат биле исковани во 11 век, како би можеле да продолжат со рутата. Настанот е возобновен во 1994 година од кога секоја година традиционално се одржува и стана вистинска туристичка атракција, а целта на рутата останува иста, односно им се овоможува на овчарите и фармерите од северните делови на Шпанија да преку традиционалната рута го префлат добитокот кон јужните пасишта, при што ќе го избегнат недостигот на храна за време на зимскиот период.

Традиција која алармира за големото урбано ширење

Пред неколку векови рутата поминувала низ неколку неразвиени села, но денеска таа поминува низ центарот на Мадрид и поминува по неколку најпознати улици на шпанската престолнина. Оваа парада воедно алармира на големото урбано ширење кое претставува заканата за античкото пасење и миграционите права. Огромни површини кои сега се предградија на Мадрид, не така одамна биле неразвиени полиња со богати шумски пасишта кои доколку сега не би биле урбанизирани, би овозможиле многу полесна миграција на стадата овци и кози.

Стадата кои вчера продефилираа низ Мадрид броеа околу 2000 мерино овци и стотина кози.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот