Овчите сипаници најчесто акутно заболување во декември, пријавени се и три случаи на ХИВ

ДОКТОР
Фото: Unsplash

Во текот на месец декември, Институтот за јавно здравје регистрираше вкупно 1 610 пријави на овчи сипаници, како најчесто акутно заразно заболување. Пријавени се три случаи на ХИВ и 20 сексуално и крвно преносливи инфекции (БЕЗ ХИВ/СИДА).

Од вкупниот број пријави за сексуално и крвно преносливи инфекции (БЕЗ ХИВ/СИДА) седум случаи се вирусен хепатитис Б, шест се случаи на хламидија пет се случаи на сифилис и два на вирусен хепатитис Ц, соопшти ИЈЗ.

Трите пријавени лица на ХИВ се од машки пол. Според местото на живеење едно лице е од Скопје, и по едно лице од Струга и Свети Николе.

Лицата се на возраст од 30-44 години. Едно лице е хетеросексуалец, ЕДНО лице припаѓа на групата МСМ, а за едно лице начинот на трансмисија е непознат, се вели во соопштението

Во текот на месец декември нема регистрирани смртни случаи од ХИВ/СИДА.

Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во земјава, во периодот од 1987 до 2022, изнесува 586, и тоа 123 лица починале, а 463 лица живее со ХИВ/СИДА, покажуваат податоците на Институтот.

Во однос на вакцино-превентабилните болести, во декември минатата година, регистрирани се девет случаи, од кои седум на вирусен хепатитис Б и два случаи на заразни заушки.

Регистрираните случаи на вирусен хепатитис Б според возраста на заболените, не подлежат на имунизација согласно календарот за задолжителна имунизација во РСМ. Дијагнозата е потврдена лабораториски и клинички. Случаите на заразни заушки подлежат на имунизација според возраста, едното лице е имунизирано, другото не е имунизирано. Случаите се дијагностицирани клинички, додаваат од ИЈЗ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот