Овчар нападнат од мечка, реакцијата на кучињата го спасила  од смрт (ФОТО)

Фото: МИА

Мечките во Македонија со законот за ловство од 1996 се трајно заштитен дивеч кој не смее да се лови. 

Жител на шарпланинското село Лисец во тетовската полиција пријавил дека бил нападнат од мечка, а се спасил од смрт со тоа што, според него, реагирале неколкуте кучиња со кои чувал овци на бачило. Невобичаениот настан се случил вчера во текот утрото, а кај 52-годишникот нема поголеми повреди.

–Вчера 13:20 часот во полициската станица Тетово Г.Ј (52 ) од Лисец  пријавил дека околу 10 часот на бачило во месноста Рах каде напасувал свое стадо овци бил нападнат и повреден од мечка. Според неговите кажувања тој бил застанат на височина и кога забележал дека има мечка која се упатила кон него почнал да бега кон нагорнината. Мечката го стигнал и го оборила, со што го повредила но при тоа реагирале неколкуте кучиња и мечката избегала.  Во болница му констатирале полесни повреди по што бил пуштен на домашно лекување. Потоа дошол и во полициска станица да го пријави случајот, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Фото: МИА

Летово ова е не прв случај граѓани да алармираат за присуство на мечка. На 21 август жители на Тетово успеале да фотографираат мечка во планинскиот предел во правец кон месноста Бањиче и долж патот Бродец-Шипковица.

Фотографиите се споделуваа на социјалните мрежи со предупредување за внимателност сметајќи дека ова диво животно во чести случаи знае и да нападне луѓе.

Мечките во Македонија со законот за ловство од 1996 се трајно заштитен дивеч кој не смее да се лови. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот