Оваа земја воведува нови правила против коронавирусот: Дали би се согласиле на ова за да се напиете пиво?

Во Швајцарија од понеделник повторно ќе бидат отворени угостителските објекти, но гостите ќе мораат да ги оставаат своите лични податоци.

Во рамките на потребните мерки за заштита со цел спречување на ширењето на коронавирусот, швајцарските власти се одлучиле за наједноставниот начин.

Угостителите од своите гости ќе мораат да ги земаат личните податоци, име, адреса, број на мобилен телефон и ќе мораат да ги чуваат две недели.

Така, гостинот кој ќе отиде во кафуле или ресторан и ќе нарача пиво, кафе или нешто за јадење, претходно ќе мора да остави и лични податоци.

Тоа важи за резервација на маса, но и за обична посета на угостителските објекти.

Личните податоци кои ги собираат угостителите треба да им го олеснат откривањето на контактите на здравствените власти, во случај на зараза на еден од гостите.

Прочитајте и...  Филипче: Се преполнија некои болници, кога ќе се исполни сѐ воведуваме полициски час

Исто така, во Швајцарија на една маса можат да седат максимум четири лица. Сите гости мораат да седат, а меѓу масите мора да има растојание од најмалку два метри.

Поврзани вести

Еди Рама: Не сакаме да ја затвориме земјата повторно

Слободен печат

Убава вест: Пронајден е дедо Васил

Слободен печат

Фаучи за навредите на Трамп: Ништо лично, строго деловно

Слободен печат

Хасани: Нема пари што може да ја платат посветеноста на здравствените работници

Слободен печат

Шокантни сознанија: Шишиња за бебињата испуштаат микропластика кога се загреваат

Слободен печат

Мицкоски: Прогонот на политички неистомисленици стана секојдневие за власта и мора да запре

Слободен печат

Остави Коментар