Оваа земја во потполност го спречи ширењето на коронавирусот, видете како успеа во тоа

Џасинда Ардерн / Фото: Hagen Hopkins / Xinhua News / Profimedia

Откако Нов Зеланд поради ширењето на корона вирусот презеде построги мерки, жителите своите активности ги прилагодија на препораките изречени од властите. Луѓето се шетаат, возат велосипеди во своите населби, во маркетите за влез се чека во ред и се почитува препораката за држење на дистанца едни од други, а и како останатиот свет, жителите на Нов Зеланд ги искусија и проблемите поврзани со школување од дома.

Но она што е интересно е дека за само десет дена мерките почнаа да покажуваат резултати. Бројот на нови случаи на заразени од вирусот е помал во споредба со бројот на излечени.

Во земјата вкупно има 1.160 заразени лица. Од нив регистриран е само еден смртен случај, а четворица се во критична состојба.

И покрај благиот пад, премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн сепак одлучила и земјата да се придржува до препораките на светските здравствени експерти односно да го исполни четиринеделниот карантин, односно два полни 14 дневни циклуси на инкубација.

Која е тајната? Како Нов Зеланд во толку краток временски интервал успеа да го контролира избивањето на епидемијата?

Мутека, Нов Зеланд, луѓе чекаат во ред и го почитуваат апелот за одржување на дистанца од 2 метри / 03 април Нов Зеланд / Фото: Anne Webber / Alamy / Alamy / Profimedia

Според пишувањата на новинарка од „Вашингтон пост“, која пред еден месец пристигнала во земјата откако претходно престојувала во неколку најголеми жаришта во светот, била изненадена од одлуката на аеродромските службеници да не и мерат температура.

Добила упатство да биде во изолација во наредните 14 дена.

– Бевме многу загрижени од тоа што се случува во Италија и Шпанија, истакнал еден од сопствениците на најголемото трговско претпријатие на Нов Зелант, Стефан Тиндал.

– Да не воспоставевме карантин веднаш, се ова ќе траеше многу долго.

Премиерката на Нов Зеланд

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн на 23 март им соопштила на граѓаните дека имаат 48 часа да се подготват за целосен карантин. Тој ден во земјата имало регистрирано 102 случаи на новозаболени.

Ардерн ваквата мерка ја оправдала со ситуацијата во Италија за каде рекла дека пред да се случи црното сценарио и во Италија бројот на заразени бил мал, по што настана општ колапс предизвикан од епидемијата.

– Сите мораа да останат дома во следните четири недели, со исклучок на оние кои имаат специфични професии како вработените во здравството, или мораа да одат во продавница.

На само еден час пред почетокот на целосниот карантин граѓаните биле известени со смс порака во која пишувало „Однесувајте се како да сте заразени од КОВИД-19“. Тоа ќе спаси многу животи.

– Сите ја одигравме својата улога и се обединивме против КОВИД-19.

Медицински тим од болницата во Окленд, Нов Зеланд се обучува за третирање на заболени со Ковид-19 / 05 април 2020, Нов Зеланд / Фото: / Xinhua/Avalon.red / Avalon Editorial / Profimedia

Премиерката на Нов Зеланд на својот Фејсбук профил редовно одговара на сите прашања поставени до неа од граѓаните.

Меѓу нив имало и такви кои го критикувале нејзиниот пристап. Сепак полицијата реагирала во сите случаи во кои лица не ги почитувала повиците на Владата.

Таков е случајот и со министерот за здравје на Нов Зеланд, Дејвид Кларк кој поднесе оставка, откако ги прекрши мерките кои ги пропиша владата на земјата при ширењето на Ковид-19.

Кларк себеси се нарече идиот и се извини на нацијата, бидејќи на почетокот на април се возел 20 километри до плажата за да прошета со својата фамилија.

Веднаш потоа Ардерн лично ја потпиша неговата оставка.

Во земјата се создало чувство на колективна одговорност па полициските линии биле пренатрупани со повици од граѓани кои сакале да пријават лица кои не ги почитуваат мерките.

Националната партија од десницата пак, не ги критикувала мерките на владата, туку и помагала и сега се докажа дека сето тоа се исплатело.

Откако на 2 април беа регистрирани 89 нови случаи заразени со коронавирус, идните денови бројот брзо почнал да опаѓа.

Голем број од новите случаи биле поврзани со меѓународни патувања, што било олеснителна околност за да се изолираат нивните контакти.

Со оглед на тоа дека немало докази за локална трансмисија, Нов Зеланд избегна ситуација во која болниците би биле пренатрупани со заболени.

Мајкл Бејкер, професор за здравство на Универзитетот Отаго и еден од водечките епидемиолози рече дека на Ардерн може дамо да и се каже „благодарам“ за преземените чекори. Според него во случајот на Нов Зеланд станува збор за труимф на науката и вистинско лидерство.

Министерот за здравје на Нов Зеланд поднесе оставка: Се однесував како идиот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот