Оваа земја ја спасија златните резерви: Девизните резерви во април на рекордно високо ниво

Златните резерви на Руската Банка овозможија рубљата во април да му одолее на падот, одржувајќи ги притоа девизните резерви на рекордно високо ниво. Експертите веруваат дека вложувањето во благородни метали нема да и донесе само солиден приход на Централната банка, туку ќе помогне брзо да се намали уделогт на американскиот долар во меѓународните плаќања.

Изминатите пет години Русија значително ги зголеми своите резерви од злато. Исправноста на оваа стратегија стана очигледна за време на кризата дури и покрај валутните интервенции за поддршка на рубљата, благодарение на растот на цените на благородните метали.

Во март и април Централната банка потроши 6,6 милијарди долари, продавајќи 250 – 300 милиони дневно. Како резултат на тоа, рубљата падна за 20 отсто, што е малку со оглед на фактот дека цените на нафтата паднаа на најниско ниво.

Според податоците на аналитичарите од „Гаспром“ банка, без валутни интервенции, доларот до почетокот на мај би вредел повеќе од 110 рубљи.

Истовремено, вредноста на златните резерви во меѓународните резерви на руската банка во април пораснаа од шест на рекордни 126 милијарди.

На почетокот од годинава во јануари, Централната банка имала 554,4 милијарди долари, на 15. мај 562,9 милијарди. Само во втората недела од месец мај, златните резерви се зголемиле за 500 милиони.

Според податоците на Светскиот совет за злато, Русија во 2018 година купила 274,3 тони злато, во 2019 година 158,1, а во 2020 година 28 тони злато. Експертите велат дека купувањето на овој благороден метал е во потполност оправдано. Денеска резервите од злато обезбедуваат стабилност на девизните резерви, а покрај тоа донесуваат и значителен приход.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот