ОВАА ЗЕМЈА ИМА ДВА ПРИНЦА, А ЕДВАЈ ЌЕ ЈА НАЈДЕТЕ НА МАПАТА: Војска нема, а еве кој би ја штител во случај на војна! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Помеѓу границата на Шпанија и Франција на еден дел се наоѓа една мала и необична држава.

Станува збор за Андора, 14. најстара и 16. најмала држава на светот!

На чело на Андора се наоѓаат двајца принцови кои ја делат власта. Интересно е дека ниту еден од нив не е од Андора, бидејќи едниот принц е секогаш актуелниот претседател на Франција, а другиот свештеник од Ургел.

Секако, овие позиции немаат никаква реална моќ.

Главниот град е Андора Ла Велја, највисокиот главен град на Стариот континент – се наоѓа на 1.013 метри над површината на морето.

Инаку, според долготрајноста на животниот век, Андорците се наоѓаат на второ место, веднаш зад Јапонците.

Ова е единствената земја во светот во која официјален јазик е каталонскиот. Во Андора војска не постои, а во случај на воена состојба, државата би ја штителе француската и шпанската војска.

Кога станува збор за криминал, тој е овде речиси како и војската – непостоечки! Станува збор за една од најбезбедните држави во светот.

Андора нема национална банка и своја валута, па денеска се користи еврото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот