Оваа земја ги отвора своите плажи и покрај предупредувањата дека ќе стане ново жариште на коронавирусот

Сиднеј

Властите во источен Сиднеј соопштиле дека повторно ќе ги отворат плажите за луѓето кои ги користат за вежбање, иако министерството за здравство на Нов Јужен Велс го означи тој регион како можно жариште на коронавирусот.

Поединечни плажи, кои беа затворени пред еден месец за да се спречи ширењето на вирусот, од понеделник ќе бидат достапни за одредени активности, како што се трчање, шетање, пливање и сурфање.

Луѓето кои ги користат плажите за вежбање мораат да задржат растојание од 1,5 метри од други луѓе, додека во група може да се најдат најмногу две лица.

Одлуката за повторно отворање на плажите наиде на негодувања, а критичарите оценуваат дека таа одлука е донесена прерано и стравуваат дека ќе го угрози досегашниот напредок кој е остварен за справување со ширењето на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот