Оваа здрава храна никако не јадете ја пред спиење, за да не останете без сон

pixabay

Мрсна храна, тешко месо, но и мрсни сирења и кашкавали, не треба да се јадат пред спиење зашто предизвикуваат несоница и го покачуваат крвниот притисок. Но, на квалитетот на сонот влијаат и некои видови на здрава храна. Во продолжение, проверете кои.

Карфиол, брокула

Полни се со витамини и минерали кои се неопходни за правилна работа на организмот. Сепак, не треба да јадете од нив во вечерните часови, особено не пред спиење, бидејќи содржат растителни влакна кои долго се „варат“ во организмот и го нарушуваат сонот.

Цитруси

Лимонот, портокалот и грејпфрутот се одлични извори на витамин Ц, но експертите советуваат да не ги јадете после 17 часот. Киселината од ова овошје може да предизвика тегоби во желудникот, но подеднакво и да ве задржи подолго будни во вечерните часови кога тоа не го сакате.

Домати

Доматите се силни антиоксиданси, содржат ликопен кој го чува здравјето на срцето и на крвотокот. Но немојте да јадете домати и сосови од домати во вечерните часови зашто оваа здрава намирница често знае да направи тегоби во желудникот и во стомакот. Меѓу сонот и вечерата треба да поминат најмалку три часа за да му дадете шанса на желудникот да ги „свари“ доматите без било каков проблем.

Темна чоколада

Темната чоколада која содржи висок процент на какао е исклучително здрава и препорачлива во секоја диета. Но, сепак, сочувајте од чоколадата за појадок или сакуска после ручек. Темната чоколада содржи кофеин поради кој навечер може да почувствувате вознемиреност или пак, подолго да останете будни.

Житарки и овесни снегулки

Совршени се за појадок, но оваа здрава храна погрешно е да се конзумира навечер. Како би ви делувале на нарушување на сонот? Содржат шеќери што индустриски се додадени во производството, а тие го разбудуваат организмот.

Зелка, кељ, целер и грав

Уште четири здрави намирници кои се корисни ако се јадат во текот на денот, но не и после 18 часот. Многу време им е потребно за да „сварат“ во организмот, а со тоа и го нарушуваат сонот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот