Оваа заносна бринета има реални женски мерки: Треба сите да бидеме рамноправно застапени (ФОТО)

Instargam

По бројните критики дека вработуваат само преслаби манекенки и влијаат на идеалот за убавина во современото општество, берендот „Викторија сикрет“ реши кончено да им даде шанса на моделите со облини.

Оваа модна куќа, за прв пат во историјата на постоењето ангажираше манекенка која носи конфекциски број 44.

Тоа е 178 см високата Али Тејт Катлер, бринета со бујни гради и задник, но и тело кое испраќа реална слика за женската убавина.

На Инстаграм има 130.000 следбеници, а пред своите фанови се пофали со своето достигнување истакнувајќи дека работите конечно се менуваат, полека, но сигурно.

„Без оглед на тоа што сум прилично загреана поради соработката со брендот што го идеализирав во тинејџерските денови, сметам дека тоа е одличен чекор во вистинска насока“, напиша Али алудирајќи на фактот дека разноликоста во обликот и во градбата на телото досега не бил случај на ревиите и во рекламите на оваа компанија.

„Големината 44 е просечна за жените во Америка. Мислам дека не ја гледаме доволно во медиумите и во модната индустрија. Би требало сите да бидеме рамноправно застапени“, рекла Али за списанието “E! News”.

View this post on Instagram

Top of the morning to you

A post shared by Ali Tate (@ali_tate_cutler) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот