Оваа пролет ќе донесе нови трендови на тексасот

Сонце, џинс и бела маица…кој не го сака тоа?

Знаеме дека не е потребно да нагласуваме дека ова парче облека е севременска класика. Токму затоа, многумина од нас не можат без неодоливи фармерки кои можеме да ги комбинираме скоро со секоја друга облека. Дневни или вечерни прилики-сосема сеедно. Со правилна комбинација, тие можат да направат чудо, како во удобноста така и во естетиката.

Друштвената мрежа Инстаграм ни дава многу идеи и ни е вечна инспирација за облекување. Секоја нова сезона ја краси по некој нов тренд, а обично ги изнесуваат трендсетерките кои ретко кога грешат. Она што и оваа пролет ќе биде посебно актуелно кога станува збор за фармерките е високата половина.

Во продолжение ви претставуваме неколку трендови кои нестрпливо ги чекаме:

1.Класични скини џинс

Овој модел е во тренд веќе неколку години наназад, а веројатно и оваа година нема да отстапи. Причината за тоа е веројатно едноставното комбинирање на овие фармерки, посебно со широки полувери, убаво скроени сакоа, но и со лелеави блузи. Оваа пролет е актуелна високата половина, па побрзајте по својот тренди модел.

2.Фармерки со палацо крој

Висока половина и ногавици А-крој кои се шират од колковите, се еден од најголемите модни хитови во топлата сезона која доаѓа. Овој модел дава впечаток на елеганција, а можете да ги искомбинирате со кроп-топови и сандали со високи потпетици.

3.Фармерки со врзување на половината

И тие се причина за најавата на високата половина како нешто што „мораш да го имаш”. Врзувањето на половината, но и околу ногавиците се тренд детали кои ќе ја најават оваа пролет и девојките ширум светот нема да можат да им одолеат. Многу брендови веќе располагаат со нив, но имаат неколку различни карактеристики: мек џинс, опуштен крој, висока половина и ленти кои ќе се врзуваат во машни околу половината и околу зглобовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот