Оваа подла болест зема замав: Обрнете внимание на следниве симптоми

Фото: Илустрација

Карциномот на анус се смета за ретко заболување, но во последните неколку години бројот на заболени драстично пораснал.

Најпрво, оваа подла болест не дава никакви знаци по кои ќе се забележи дека нешто не е во ред или пак, симптомите се појавуваат како хемороиди или цисти.

Ракот на анус е поврзан и со полово преносливи зарази. Присутност на ХПВ е констатиран во голем број случаи на рак на анус.

Ова се пет симптоми кои никогаш не смеете да ги игнорирате, а кои може да ви укажат дека можеби имате карцином на анус:

– крварења од аналниот отвор
– чешање
– болки во тој предел
– израстоци со непознато потекло
– неможност да се контролира сфинктерот

Најизложени на ризик од ова заболување се оние кои имаат анален секс со различни партнери, а без заштита, оние кои се веќе носители на ХПВ, пушачи, луѓе со слаб имунитет и постари од 65 години.

Оваа болест е почеста кај жените, но тоа не значи дека и мажите не би требало да се штитат и да обрнат внимание на евентуалните промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот