Оваа песна СИТЕ ЈА ЗНАЕМЕ, а Дино Мерлин ја напишал за својата ГОЛЕМА И ЗАБРАНЕТА ЉУБОВ

Викимедија/Евровизија

Еден од најголемите хитови на Дино Мерлин крие една прекрасна приказна за неговата некогаш забранета љубов, а денеска негова сопруга, Амела.

Се работи за песната „Кад си рекла да ме волиш“ и ѝ е посветена токму нејзе, која кога ја запознал, му била забранета и недостижна. Всушност, голем број од неговите песни ѝ се посветени токму нејзе.

Тие се сакале неколку години, а потоа тајно се венчале. Дури и им било страв некој да не открие за нивната венчавка, да дојде и да ја расипе.

На венчавката кај матичарот бил само кумот на Мерлин и сестрата на Амела, а постојано гледале во вратата од страв некој да не дојде. По венчавката, отишле на патување во Дубровни, а кога се вратиле живееле кај неговата мајка. Нејзините родители со години не им зборувале, но денеска се смирени и уживаат во хармоничен семеен однос.

Во моментите кога парот бил разделен и се криеле од своите роднини, за кои и ден-денес не се знае зошто ја забранувале оваа љубов, во момент на инспирација, Мерлин ја напишал „Кад си рекла да ме волиш“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот