Оваа оптичка илузија ќе ви открие дали сте млади или стари во душа! (ФОТО)

Twitter

Што мислите, дали може да погоди оваа едноставна илузија?

Човечкиот мозок е неверојатна креација. Можноста да обработи информација која тој ни ја пружа прави разлика помеѓу нас и другите врсти и овозможува да изградиме цивилизација ширум светот, па дури и да ги направиме првите чекори во вселената.

Сепак, без разлика на тоа колку сме паметни, постојат моменти кога ќе се збуниме поради работите кои ни изгледаат едноставни. Оптичките илузии се совршен пример.

Ова е една од попознатите оптички илузии која се вика „Мојата жена и мојата свекрва“ и може да открие колку е стара личноста. На фотографијата можете да видите млада и стара жена. Што гледате?

Сликата станала позната откако во 1915 година била објавена во американското сатирично списание „Puck“ велат од Indi100.

Сега, студијата која се вика „На перцепцијата за двосмислени фигури, влијае социјалното доживување на сопствените години“, ја поврзува перцепцијата на оваа слика со староста. Студијата вели дека помладите луѓе најчесто гледаат млада жена, додека повозрасните ќе ја видат постарата жена.

Во истражувањето биле вклучени 393 учесници од различни возрасти. Откриено било дека 10% од најмладите учесници (и оние кои се чувствуваат младо) ја гледаат девојката, а 10% од најстарите учесници ја гледаат постарата жена. Тоа докажува дека „старосната предрасуда влијае на почетната интерпретација на сликата на потсвесно ниво“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот