Оваа опасност демне ако сте на зимување: Како настануваат снежните лавини и како да се заштитите?

Фото: Профимедиа

Лавините практично настануваат поради нестабилноста на снежната покривка, односно кога ќе попушти снежниот слој под нив. Со зголемувањето на температурата, кристалите на снегот го губат своето сврзувачко својство и така се покренува лавината.

Голема опасност за покренување на лавините претставуваат и силните удари на ветрот кои можат да покренат висечки снежни маси. Постојат неколку видови на лавини. Особено опасни се т.н. правливи лавини бидејќи снегот се спушта по падината со брзина од над 300 километри на час. Бурните ветрови и разликите во притисокот што ги придружуваат може да се споредат со ураган. Доколку се најдете блиску и ја вдишите оваа комбинација на воздух и снег, постои опасност од задушување. Лавините кои „сами“ се покренуваат, односно се спуштаат по падината поради попуштање на стабилноста на снегот, се нарекуваат спонтани. Другите се нарекуваат предизвикани од лавини и можат да бидат поттикнати од различни фактори како што се сеизмичка активност, ветар, човечки фактори итн.

Најдобрата заштита од опасните лавини се густите шуми. Тие го спречуваат таложењето на големи снежни маси како и нивното брзо „спуштање“ по падините. Кога природните мерки не се можни, се пристапува кон вештачки, како што е изградбата на специјални огради кои го ограничуваат движењето на снежните маси. Еден од најчестите форми на заштита од оваа природна катастрофа се контролираните лавини. Тие всушност претставуваат намерно започнување (иницирање) на помали, контролирани лавини со цел да се спречи формирање на  една голема, неконтролирана.

За среќа, високите планински предели кои најчесто се загрозени од лавини не се населени, па големите штети и жртви од лавините се многу поретки отколку при другите природни непогоди. Сепак, повремено се случува снежната маса да понесе со себе помали населби, да уништи важни комуникации, да уништи големи површини под шумите.

Најсмртоносната регистрирана лавина се случи во Перу во мај 1970 година. По големиот земјотрес, лавината уништи два града во регионот Хуаскаран, при што загинаа околу 20.000 луѓе. Исто така во Перу, во јуни 1960 година, лавина збриша неколку помали населби од лицето на Земјата и усмрти околу 4.000 луѓе.

Во текот на Првата светска војна, во областа на Тиролските Алпи, армијата со силни експлозии предизвикувала постојани лавини, кои збирно усмртиле помеѓу 20-40.000 жители. Во поновата историја немало примери на вакви смртоносни лавини, но опасноста од нив е секогаш присутна.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот