Оваа недела ќе точиме поевтини горива

Фото: Архива на „Слободен печат“

После минатонеделното поскапување, Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука да ги поевтини горивата за еден денар.

Па така, од ноќеска на полноќ за литар Еуросупер БС-95 ќе плаќаме по 68,50 денари, за литар Еуросупер БС-98 ќе се продава по 71 денар, а за литар од Еуродизелот Д-Е V по 63 денари.

До ова намалување на малопродажните цени на горивата кај нас во просек за 1,77% дојде по заслуга на намалувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период – кај бензинот за 4,35%, а кај дизелот за 3,36%.

Можеби поевтинувањето ќе беше поголемо доларот да не поскапеше за 0,62%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот