Оваа недела граѓаните ќе точат поевтино гориво

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика од ноќеска на полноќ горивата поевтинија за половина, односно за денар.

Цените на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалуваат за еден денар. Со тоа новата цена на еуросупер БС-95 изнесува 69,5 денари за литар, додека на еуросупер БС-98 – 71,5 денари за литар.

Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинуваат за половина дена. Новата цена на дизелот е 61,5 денар за литар, а на маслото 51 денар за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,914 денари и новата цена ќе изнесува 34,167 денари за килограм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот