Оваа намирница сите ја јадеме, а опасна е за бубрезите и црниот дроб

Фото: Профимедиа

Кога ќе го прочитате овој текст, добро ќе размислите пред следен пат да ја јадете оваа намирница.

Истражувањето покажало дека речиси 90 отсто од луѓето сакаат денот да го започнат со сендвич, a речиси секогаш дел од утринскиот оброк е и шунката.

Многумина не се ниту свесни колку таа е лоша за здравјето. Експертите советуваат да бидеме внимателни со оваа намирница.

Прво, треба да се истакне дека шунката содржи некои добри нутриенти, но таа предизвикува и една „нуспојава“ – ја задржува водата во телото.

За да има добар вкус, во оваа намирница се додава поголеми количини сол, а според податоците кои ги изнело американското Министерство за земјоделство, во 85 грама чадена шунка се наоѓаат дури 830 мг натриум.

Токму поради тоа, честото консумирање шунка доведува до задржување на водата во телото, отекување на зглобовите, стапалата и дланките.

Тука на негативните последици не е крајот. Вишокот внес на сол може да го влоши задржувањето вода кај оние кои имаат висок крвен притисок, со тоа зголемувајќи го притисокот на крвните садови и зголемувајќи го ризикот од инфаркт или мозочен удар.

Исто така, може да се забрзува губењето калциум во коските, што по подолг временски период може да доведе до сериозни проблеми со коските.
Освен тоа, големата количина сол директно негативно влијае на бубрезите и црниот дроб.

Совет од нутриционистите е доколку јадете шунка тоа треба да го правите во умерени количини. Исто така, би било добро по оброкот да испиете и поголема количина вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот