Оваа млада манекенка е најголемата мистерија на КОРОНА: Позитивна е на вирусот веќе 56 дена, а нема ниту еден симптом! (ФОТО)

Фото: Фејсбук

Младата италијанска манекенка Бјанка Доброиу (23) е една од првите личности во Болоња кај која бил потврден коронавирусот.

Она е позитивна на тој вирус и сега, 56 дена откако се инфизирала иако нема симптоми.

Бјанка е хоспитализирана во болницата Сант Орсол во Болоња на 28 фебруари со температура од 40,7 и истиот ден и бил потврден Ковид – 19.

Пуштена е од болница на шести март и останала во самоизолација, бидејќи не била во критична состојба.

Отогаш таа оди на редовни тестирања и од тогаш досега била четири пати позитивна, а во еден случај резултатите биле нејасни.

Нејзиниот последен, шести тест минатата недела исто така бил позитивен.

– Пациентката беше добра, но тестовите и понатаму се позитивни. Го проучуваме нејзиниот случај многу внимателно. Колку што знаеме, никој во Италија не бил толку долго позитивен. Состојбата не трае повеќе од четири недели – рекол инфектолгот Лусиано Атард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот