Оваа година се направиле повеќе трансфери од лани, а се потрошиле помалку пари

Фото: EPA-EFE/STEFFEN SCHMIDT

Светската фудбалска организација, ФИФА излезе со податоци за овогодинешниот трансфер пазар ширум светот, а тие велат дека е срушен рекордот по бројот на направени зделки.

Вкупно биле направени 11.000 трансфери што е рекорд, тоа е за 4,8 проценти повеќе од истиот период за минатата година.

Но и покрај тоа што се направени повеќе трансфери, сумата е значително помала од лани. Потрошени се вкупно 6,4 милијарди долари на обесштетувања, тоа е за 13,06 проценти помалку од лани.

Логично, убедливо најмногу пари потрошиле клубовите од Европа, дури 5,58 милијарди долари, од кои Премиерлигашите 1,6 милијарди долари само во летниот преоден рок. Тоа за нив е помалку за 15,5 проценти од лани.

Во Саудиска Арабија потрошиле дури 50 проценти помалку од лани. Минатата година за нови засилувања платиле 875 милиони долари, а оваа 413 милиони долари.

Кога се парите во прашање, зголемување има само кај женскиот фудбал. Оваа година се потрошени 6,8 милиони долари, што е двојно повеќе од лани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот