Не чудете се ако оваа година полесно изгорите на сонце

Без оглед на тоа каде што се наоѓате, веројатно сте го поминале најголемиот дел од пролетта и летото дома, повеќе отколку во претходните години. Карантин, препораки да останеме внатре, пропуштени годишни одмори – сето ова влијае врз количината на времето што го поминуваме во затворен простор, а тоа, секако, го чувствува и кожата откако ќе излеземе надвор.

Ова лето, на сонце поцрвенуваме многу полесно отколку во претходните години. Но, зошто е тоа така? Кај некои луѓе кожата може да има зголемена чувствителност на сонце ако не е изложена на неговите зраци подолго време.

Чешање, црвенило, плускавци или дамки

Најчестата алергија на сонцето се нарекува полиморфна светлосна ерупција. Изложеноста на сонцето по карантинскиот период би можело да го зголеми ризикот од алергии, велат дерматолозите.

Тоа е реакција посредувана од имунолошка реакција на сонцето, која на површината на кожата по изложување на сонцето се манифестира како чешање, црвенило, плускавци или дамки. Ова обично се забележува во пролет и на почетокот на летото, кога кожата не била изложена на сонцето и продолжува подоцна во сезоната, објаснуваат дерматолозите.

Постепено изложувајте се на сонце!

Изгорениците не изгледаат истo кај сите. Некој со светла кожа може да изгори, додека оние со потемна кожа може да чувствуваат чешање и сувост. Но, последиците не ги чувствуваат само оние што се чувствителни на сонцето.

Иако потемнетиот тен служи како мала „заштита“, дерматолозите препорачуваат континуирана употреба на кремите и млеката за сончање. За да се намали можноста за црвенило, се советува и постепено да се изложувате на сонце, сè додека вашата кожа не се навикне на него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот