Оваа година досега само 40 лица добиле азил во Словенија

фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Оваа година досега во Словенија биле откриени и приведени 5.300 мигранти, од кои речиси 2.000 побарале азил, но добиле само 40, пренесуваат тамошните медиуми.

Словенечката влада, предводена од премиерот Марјан Шарец, ја заостри политиката кон илегалните мигранти и најави поставување нова ограда на границата со Хрватска во должина од 40 километри.

Бројот на нелегални мигранти во Слоненија годинава е зголемен од лани првенствено поради поволните временски услови.

Минатата година азил побарале 2.875 лица, а одобрен им бил на 102.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот