Оваа година 238 луѓе се откажале од црногорското државјанство: Најчесто се иселуваат во Германија и Холандија

Фото: Профимедиа

Лицата кои се откажуваат од црногорско државјанство најчесто земаат државјанство на Германија, Холандија, Норвешка, Словенија, Босна и Херцеговина, соопшти Министерството за внатрешни работи на Црна Гора.

Оваа година, од јануари до крајот на октомври, 238 лица се откажале од црногорското државјанство.

Од 2006 година, на 2.784 Црногорци им е одобрено откажување од државјанството на лично барање, најголем дел од нив во 2018 година, соопшти црногорското МВР.

Како што се наведува, граѓанин на Црна Гора треба да плати административна такса од 300 евра за откажување од државјанство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот