Оваа фотографија ги разнежи срцата на сите: Петгодишниот Лео ги продава своите играчки за да им помогне на жртвите од земјотресот во Хрватска

Земјотресот кој со разорен интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа Петриња остави многу луѓе без домови, но ја разбуди хуманоста.

ВИДЕО: Нов земјотрес ја стресе Хрватска

Дури и најмладите учествуват во бројни акции за помош на настраданите во земјотресот, а доказ за тоа е фотографијата што е направена пред неколку дена во Сплит.

Новиот земјотрес во Хрватска предизвика штета на веќе разурнати објекти – татко со три деца остана без домот

На неа се гледа малиот Лео (5) кој ги продава своите играчки на импровизиран штанд со цел да донира пари на луѓето од Петриња.

Натписот на неговиот импровизиран штанд гласи: „Ние ќе го удвоиме вкупниот приход и ќе го донираме на Црвениот крст за да помогнеме на Петриња“.

Виралната фотографија прво се појави на Фејсбук страницата Фудбал Њуз.

Duša ❤️

Posted by Nogometne vijesti on Thursday, December 31, 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот