Оваа европска земја во јануари беше едно од најголемите жаришта, а сега за првпат немаше ниту еден смртен случај

Фото: EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Португалија во понеделникот пријави дека нема ниту еден смртен случај поврзан со коронавирусот во последните 24 часа, за првпат во речиси девет месеци.

Оваа вест доаѓа во време кога земјата излегува од двомесечното заклучување.

Државата пријави вкупно 16.965 смртни случаи од почетокот на пандемијата минатата пролет и 834.638 случаи на зараза. Во понеделникот се регистрирани 196 нови заразени, пишува Дејли мејл.

Последен пат Португалија немаше пријавено смртен случај од коронавирусот на 3 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот