Оваа европска земја има најголема стапка на смртност од коронавирусот – Не е Италија, ниту Шпанија

Починати лица од коронавирус / Фото: Архива

Белгија има највисока стапка на смртност во светот од коронавирусот. Според анализата на американскиот универзитет Џон Хопкинс, таа изнесува 13,4 отсто, а една од причините за тоа е драматичната ситуација во старските домови.

Ендру Престон од Универзитетот во Бату вели дека стапката на смртност генерално е поголема во популациите со поголем број на стари лица и оние со хронични болести.

За големата смртност допринело и тоа што вирусот допрел до голем број домови за стари лица, чии штитеници и вработени се 45 отсто од вкупниот број на смртни случаи.

Д-р Петер Дробац од Оксфордскиот универзитет укажува дека сличен тренд е забележан и во Франција и Велика Британија.

Како што пишува Њузвук, стапката на смртност претставува број на смртни случаи во однос на бројот на потврдени случаи.

Белгија според тој параметар ја престигнала Италија, во која стапката на смртност е 13 отсто и Велика Британија каде е 12,8 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот