Оваа држава ќе одлучи кој ќе биде најмоќниот во САД – Копјата се кршат за превласт и доминација

Без огледа на тоа што Џо Бајден победи на претседателските избори, одлуката за тоа кој ќе го држи Сенатот ќе биде донесена утре кога ќе бидат оджани повторените избори во државата Џорџија. Моменталната состојба во Сенатот е многу тесна – 50 места освоија републиканците, а демократите 48.

На изборите за Сенатот во ноември никој не победи во Џорџија поради тоа што ниту еден кандидат не ги освои потребните 50 отсто од гласовите.

Сенаторот Дејвид Перду во ноември освои повеќе гласови во однос на противкандидатот, но не и потребната полоција, додека во втората трка, во рамки на специјализираните избори, двајца републикански кандидати, вклучувајќи ја и сенаторката Кели Лафлер, ги поделија гласовите и завршија зад демократот Рафаел Ворној, кој не освои половина.

За изборите во Џорџија владее голем интерес и кај двете водечки партии во Америка кои вложија големи материјални средства за да победат. Исто така, на актуелниот претседател Доналд Трамп многу му е важно да ги победи демократите во Сенатот. Угледниот „Форбс“ проценува дека до 5 јануари ќе бидат вложени дури 500 милиони долари за изборите во Џорџија.

Со оглед на тоашто резултатот е тесен и што секоја од 50-те држави дава по два сенатори во горниот дом на Конгресот, на демократите им се потребни двете победи за да биде 50:50. Доколку биде нерешено, одлучувачкиот глас ќе го даде потпретседателот на Америка, а тоа во овој случај е потпретседателката од редовите на демократите Камала Харис, па нема сомнеж кому би му припаднал сенатот.

Кои се кандидатите во Џорџија?

Во вторник се одржува гласањето на кое еден актуелен републикански сенатор ќе се натпреварува против демократите.

Во првиот, тој ќе избира помеѓу сенаторот Давид Перду и демократот Џон Ософ. Перду беше сенатор во Џорџија од 2015. Поранешниот извршен директор на „Рибок“ рано го поддржа Трамп и остана негов верен сојузник. Сега тој се соочува со испрашување во врска со мултимилионско тргување со акции во компании чија деловна активност е под негова надлежност во Сенатскиот одбор.

Ософ ја започна својата кампања со активистот за граѓански права Џон Луис, кој почина ова лето. Пред да дојде на чело на компанијата за документарни филмови „Инсајт ТВ“, тој помина пет години работејќи за конгресменот Хенк Џонсон, демократ од Атланта. Своите филмски вештини ги искористи за време на кампањата за изборите за сенатори, водејќи сметка за кампањите преку Снепчет и ТикТок.

Второто гласањеќе се одржи меѓу сенаторот Кели Лефлер и угледниот Рафаел Варнок. Лефлер, помлад сенатор во Џорџија, сè уште е новодојдена во политиката. Таа беше назначена во американскиот Сенат во декември 2019 година од гувернерот Брајан Кемп, откако претходниот сенатор поднесе оставка. Таа е една од најбогатите членови на Сенатот и ко-сопственичка на женскиот НБА тим „Атланта Дрим“. Тоа крена прашина ова лето, откако играчите на лигата ја повикаа Лефлер да го продаде својот удел во клубот, заради гласното спротивставување на движењето „Црните животи значат“.

Варнок е пастор во Баптистичката црква Ебенезер во Атланта, каде што проповедаше и водачот на граѓанските права Мартин Лутер Кинг Јуниор. Заедно со растечката демократска sвезда Стејси Абрамс, тој го започна проектот „Нова Џорџија“. Групата сега е под истрага на републиканскиот државен секретар за Џорџија за наводно испраќање на барања за гласање на нерезиденти.

Според „Форбс“, кој се повикува на различни извори, но и на обложувалниците, шансата Перду да го победи демократот Џон Ософ е 66 проценти, додека шансата Лефер да го победи Варнок е 61 процент, а за републиканците, на кои им треба само едно сенаторско место за конечниот триумф, се потребни повеќе од 70 проценти за задржување на Сенатот.

На претходното свикување, Републиканската партија имаше мнозинство во Сенатот со 53 претставници, наспроти 45 демократи и двајца неутралци, кои им се приклучија на Демократите.

Зошто е важен Сенатот?

Сенатот е горниот дом на американскиот Конгрес, кој заедно со претставничкиот  (долниот) дом, го сочинува законодавното тело на САД.

Претставничкиот дом го задржаа демократите, победувајќи ги републиканците со резултат  222:211.

Важноста на Сенатот се гледа во тоа што има неколку важни овластувања како што се ратификации на меѓународни договори, кофирмација на Кабинетот на САД, Врховниот суд, судиите, амбасадорите, поради што Сенатот се смета за поважно и попрестижно тело од Претставничкиот дом.

Ако демократите победат во Џорџија, дополнителни две места би им дале ефикасна контрола, а на Бајден многу поголема шанса да ги протурка опсежните закони за животна средина, здравствена заштита и економија кој ги предложи во текот на својата кампања. Исто така значително би му го олеснило именувањето на админастративни службеници и сојузни судии по негов избор.

Втор важен датум со кој се ближат кон крајот американските избори е 6. јануари кога гласовите на електорите, кои ги потврдуваа изборните резултати на 14. декември, ќе бидат прочитани во Вашингтон, и кога, Бајден би ја отргнал од себе и последната препрека кон инаугурацијата закажана на 20. јануари.

Бајден освои 306 електорски гласови, Трамп 232, но се уште постои можност одредени членови на електорскиот колеџ да не гласаат за кандидатите кои ги претставуваат, односно дека нема да гласаат во склад со мнозинството во сојузната држава која ги избрала.

„Неверните“ електори никогаш немале влијание на финалните резултати од изборите, но интересно е што на претходните претседателски избори седум електори ја променија одлуката и гласаа спротивно на волјата на државата која ги избрала.

Инаку, Трамп речиси секојдневно пишува на Твитер дека изборите му се украдени и дека со сите правни средства ќе се бори да ја докаже измамата пред Врховниот суд, но дека му останало малку време да го направи тоа.

Притисокот на Трамп на изборните официјални лица

Само два дена пред повторените избори за Сенатот во Џорџија, во јавноста протече аудио-снимка, која покажува како Трамп извршил притисок врз избраниот државен службеник на таа земја по претседателските избори во ноември.
На снимката, чиј транскрипт е објавен од „Вашингтон пост“, се слуша како Трамп бара од секретарот на џорџија Бред Рафенсбергер, исто така републиканец, да „најде“ доволно гласови за поништување на неговиот изборен пораз во таа држава.
Весникот наведува дека Трамп наизменично му ласкал, го молел и му се заканувал на Рафенсбергер со неопределени кривични последици во обид да го поништи неговиот изборен пораз од Бајден во таа држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот