„Оваа болка можеме да ја надминеме само со солидарност и…“: Познатите личности потресени од страотната несреќа во Нови Сад апелираат до сите

Јелена Карлеуша/Андрија Милошевиќ/Лепа Брена / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Скршени од болка, познатите личности повикуваат на солидарност со жртвите од трагедијата во Нови Сад и нивните семејства.

Многу пејачи од Србија и регионот ги откажаа своите настапи и заедно со актерите се огласуваат на социјалните мрежи за да го изразат своето длабоко жалење за тешката трагедија во Нови Сад, кога беше урнат стариот дел од настрешницата на железничката станица и која, според последните информации, однесе 14 животи.

Меѓу нив се Лепа Брена, Андрија Милошевиќ, Драгана Мирковиќ, Јелена Карелуша, Светлана Цеца Ражнатовиќ, Маја Беровиќ, Барбара Бобак, Анѓела Игњатовиќ Бресквица…

„Длабоко сум потресена од трагедијата што го снајде Нови Сад. Чувствувам огромна тага и сочувствувам со семејствата кои ги загубија своите најмили. Верувам со целото мое срце дека само преку солидарност и грижа едни за други можеме да ја надминеме оваа болка. Моите мисли се со сите што тагуваат“, напиша Лепа Брена на својот инстаграм-профил.

 

„Со целото мое срце со Нови Сад и семејствата погодени од оваа трагедија“, напиша актерот Андрија Милошевиќ.

 


Јелена Карлеуша скршена од тага објави потресна фотографија со запалена свеќа исто како и нејзината колешка Светлана Цеца Ражнатовиќ.

„Искрено сочувство до семејствата на загинатите… Тага“, напиша Цеца.

„Моето искрено сочувство до семејствата на жртвите во Нови Сад“, напиша Маја Беровиќ со емотикон со скршено срце, покажувајќи ја својата поддршка и солидарност во овие тешки моменти.

Барбара Бобак, која вчера требаше да пее во клуб во Јелах, излегла на сцената и се расплакала поради страшната трагедија што се случи малку порано во нејзиниот роден Нови Сад.

ФОТОГАЛЕРИЈА | Солзи, свеќи и цвеќиња во чест на загинатите во несреќата во Нови Сад

Кој е Васко Саздовски – Македонецот кој загина во Нови Сад?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот