Ова треба да го слушне секој родител: Болните зборови на таткото чиј 8-годишен син ненадејно почина

Бизнисменот Стормент на својот профил на Линкдин објавил потресна приказна за загубата на неговиот осумгодишен син кој умрел во сон и за сè за што жали во животот.

Стормент признал дека во животот му доминирала работата откако во 2011 година основал фирма, а токму во тоа време неговата жена родила близнаци.

Неговата сопруга Џесика во август годинава едно утро го пронашла 8-годишниот Вили мртов во креветот, откако и станало сомнително дека предолго спие.

„Кога го добив телефонскиот повик бев во канцеларија со уште 12 луѓе. Станав и излегов. Жена ми со сериозен глас ми рече: Вили умре“, напишал таткото кој објаснил дека со сопругата имале договор, кога едниот ќе се јави, другиот веднаш да одговори без оглед каде е.

Џесика го пронашла нивниот син без свест и без пулс во креветот, а бидејќи се занимавала со натуропатија, можела да заклучи дека бил мртов барем 8 часа. Девет месеци претходно на Вили му дијагностицирале бениген тип на епилепсија.

Во својот текст Стормент отворено пишува за безброј работи за кои жали и кои ги дели во две категории.

„Работи кои би сакал поинаку да сум ги направел и работи поради кои сум тажен бидејќи нема да видам како тој ги прави. Една од најголемите работи за кои жалам е тоа што не го направив вечерта пред да умре. Тоа беше нашиот последен разговор и стопати се обвинувам поради тоа. Уште можам да ги видам солзите на негово лице и како се буни дека не сакам да го слушам. Никој не ме слуша…

Поради нивното потресно и трагично искуство, овие родители ги предупредуваат другите родители да не пропуштат ниту еден скапоцен момент со своите деца.

„Гушнете ги децата, не работете до доцна. На многу непотребни работи веројатно го трошите своето време, а ќе зажалите некогаш кога веќе нема да имате време за тоа.

„Ако сте родител и имате каква било прилика да поминувате повеќе време со вашите деца, направете го тоа. Бидејќи додека сè заврши, ви остануваат само фотографии и предмети, а време нема. Времето е непроценливо и не смее да се троши. Земете си годишен одмор и слободни денови и бидете со нив. Нема да жалите за мејловите и за пораките кои сте заборавиле да ги пратие“, напишала Џесика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот