ОВА ТРЕБА ДА ГО НАПРАВАТ ВЕРНИЦИТЕ ВЕЧЕРВА: Утре е Митровден, а еве ги обичаите врзани за овој празник

Фото: Профимедиа

Утре во некои домови ќе се слави Свети Димитрија познат како Митровден. Димитрије бил командант на Солун и живеел во 3-ти век.

Кога од царот добил наредба да ги прогони христијаните, тој се спротивставил и јавно проповедал за христијанската вера. Царот заради тоа го фрлил Димитрија во темница. Во темницата му се појавил ангел кој му ја зајакнал волјата во страдањето.

По неколку дена тој бил погубен. Солунските христијани го погребале Димитрија тајно, а на место на неговиот гроб подоцна била подигната црква и тој бил прогласен за заштитник на тој град.

Култот за овој голем христијански маченик брзо стигнал и до нашите краеви.

Ова се обичаите кои секоја куќа треба да ги испочитува.

 

Постои верување дека за Митровден мораат да бидат завршени сите големи задачи, посебно големите задачи на поле и други работи кои се вршат надвор, но и дека ова не е празник кога се примаат гости.

Исто така, како што налагаат народните верувања, при Митровден и Ѓурѓовден треба секој да е дома, бидејќи кој не е, се верува дека преку цела година ќе нспие во туѓи куќи.

За Митровден се верува дека и се дознава каква ќе биде зимата. Ако денот е сончев, наводно зимата ќе биде блага, со малку исклучително ладни денови. Ако за Митровден паѓа снег, се верува дека ќе се задржи се до април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот