Ова се ѕвездите од албанската естрада кои ќе постат во Рамазан

Photo/Facebook

Секој припадник на исламската вера, кога доаѓа месецот Рамазан, се обидува повеќе да ги почитува исламските прописи и правила, без разлика која му е професијата.

Меѓу нив има многу јавни личности од албанската естрада како што се пејачи и актери, кои и покрај нивниот преголем ангажман во текот на летните месеци, тие сепак одлучуваат да ја испочитуваат својата вера и да постат за време на месецот Рамазан.

Неколку од тие имиња на албанската естрада кои постеле минатата година и за коишто се верува дека ќе постат и оваа година за Рамазан, според „Газета Експрес“ се Биг Мама, Адриан Гаџа, Шпат Касапи, Џерико, Леонора Јакупи, Виолете Кукај, Чиљета Џилага, Зајмина Васјари и др.

Меѓу познатите актери кои ќе постат во Рамазан се Насер Рафуна и Дардан Гаши.

Меѓу раперите, кои иако имале преголем ангажман, сепак постеле минатата година и ги почитуваат верските обврски и совети, се Ледри Вуља, Дон Арбас, Лирикал Сон, Мс Креша и Голд АГ.

Според „Газета Експрес“ повеќето од споменатите ѕвезди од албанската естрада упатиле честитки за почетокот на месец Рамазан по социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот