Ова се вика упорност: Фан го бркал Крис Хемсворт со мотор само за да добие автограм! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Фановите ширум светот секојдневно прават необчни работи за да стигнат до автограм или слика од своите идоли. Една таква ситуација може сликовито да се види на снимката која ја објави познатиот актер Крис Хемсворт.

Додека тој се возел по улиците, обожавател го бркал со мотор, бидејќи сакал да добие автограм од холивудската ѕвезда.

„Друже, не додека возам. Внимавај на… о Боже“, вели Хемсворт во видеото додека го гледа „лудиот“  обожавател. Сепак, верниот фан не се откажал.

Крис на крај излегол од автомобилот, а не само што му дал автограм на човекот кој го бркал со мотор, туку и се фотографирал со него, како и со луѓето кои во тој момент се нашле таму.

Погледнете ја снимката:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот