Ова се трите НАЈНАПОРНИ хороскопски знаци! Дали и Вие сте меѓу нив?

Секој хороскопски знак има исто толку маани колку што има позитивни страни, но некои знаци знаат да бидат толку иритантни и напорни што не секој би издржал долго време во нивна близина.

Бик

Престанете да и додевате на околината со вашите финансиски проблеми. Никој ни најмалку не го интересира вашиот проблем со парите. Всушност вие не сте ни свесни дека без разлика на тоа колку пари имате, вие најчесто им се жалите на луѓе кои се во полоша финансиска состојба од вашата. Тоа што во моментов не можете да си дозволите скапоцени нешта не е најтрагичното нешто на оваа планета, но ова никој не може да ви го објасни. Вие пак ќе си терате по вашето.

Рак

Дали конечно се исплакавте или сакате уште да се лигавите? Направете го тоа повторно, чисто превентивно, бидејќи можеби некој ги пропуштил вашите маки. Вие не можете ни да замислите колку сте несфатени од светот. Кутрите вие кои дури и од вашето семејство добивате бескрајна поддршка само затоа што стратешки ја користите вашата способност за манипулација со другите луѓе со помош на солзите.

Девица

Доколку сте ја исчистиле целата куќа и сте дезинфицирале се во ваша близина, тогаш можете на раат да го прочитате овој текст. Но, ако се чудите зошто пријателите ретко ви доаѓаат во посета, тогаш можеби треба да се запрашате во каков дом живеете. Зарем вашата дневна соба не ве потсетува на аптека? Среќа што не се дружите со пушачи, инаку кој ќе ве слуша како постојано се жалите за нивната лоша навика…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот