Ова се симптомите дека на вашиот организам му недостасува вода

Profimedia
Фото: Профимедиа

Водата е многу важна за одржување на нашето здравје. Доволното внесување течности, ни помага да го подобриме варењето, да го забрзаме метаболизмот и да ја регулираме телесната температура, наведуваат од клиниката Кливленд.

Дехидратација се случува кога не пиеме доволно вода или кога брзо губиме вода преку, на пример, потење, повраќање или дијареја (пролив). Одредени лекови какви што се диуретиците (таблети за исфрлање вода) може да доведат до зголемено мокрење, а со тоа и до дехидратација.

Но, како да препознаете дека на телото му недостасува вода? Иако симптомите не се секогаш многу забележливи, недостигот на вода, сепак, може да се забележи.

Знаците дека на вашето тело му недостига вода вклучуваат:

– главоболка
– збунетост
– замор
– вртоглавица
– слабост или зашеметеност
– сува уста
– забрзани отчкувања на срцето
– низок крвен притисок
– губење на апетитот
– зголемена желба за шеќер
– црвенило на кожата
– отечени нозе
– грчеви во мускулите
– нетолеранција на топлина или студенило
– запек
– урина со темна боја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот