ОВА СЕ РОДИТЕЛИТЕ И БРАТОТ НА КОЛИНДА! Претседателката на Хрватски ги крие и ретко со нив се појавува (ФОТО)

Колинда Грабар Китаровиќ вчера во Риека на миса се појави со своите родители и братот.

Претседателката на Хрватска во црквата седела во првата клупа меѓу своите родители, мајката Дубравка и таткото Бранко Грабар кои се многу горди на својата ќерка. Со нив бил и помладиот брат на Колинда.

Родителите на Колинда не сакаат често да се појавуваат во јавноста, но нивната приказна стана позната во јавноста кога Колинда се кандидирала за претседателка на Хрватска.

Родителите на Колинда живееле во село Лубарско покрај Мартиново село на Рјечин, каде Колинда го минала најраното детство, по што семејството заради работа се преселило во Гробник.

Таткото Бранко бил месар, а мајката Дубравка му помагала. Првото дете Колинда го добиле во 1968 година, а името и го дале по песната на Зденка Вучковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот