Ова се ПОСЛЕДНИТЕ МОМЕНТИ на најбрзата жена во светот (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Американката Џеси Комбс (39) загина на крајот на август додека се обидувала да го сруши сопствениот рекорд. Сега е објавена снимка од пустината Алворд во Орегон кои ги покажува нејзините последни моменти.

Уште се утврдува дали можеби ударот го предизвикал пожарот во возилото. Џеси Комбс во октомври 2013 стана најбрзата жена на четири тркала во светот постигнувајќи брзина од 631 километар на час, возејќи автомобил на млазен погон „Норт Америкен игл (НАЕ) суперсоник спид чаленџер“.

Игл е возило кое е составено од остатоците на млазниот авион Ф-104 „локхид старфајтер“. Полицијата се надева дека податоците од компјутерот на возилото ќе им открие што тргнало на лошо. Членовите на фамилијата на Џеси рекле дека таа умрела опкружена со своите најмили.

„Ја напушти оваа земја возејќи побрзо од било која друга жена во историјата“, објавило семејството.

Инаку, Џеси пред смртта на Инстаграм напишала дека тие што сакаат, можат да постигнат големи работи.

„Луѓето ми кажуваат дека сум луда, а јас им викам фала“, напишала Џеси. Нејзиниот дечко Тери Меден рекол дека после несреќата пробале се за да ја спасат.

„Можев да ја запрам ако сакав, но таа загина правејќи го тоа што сака. Се би дал да е ова само еден лош сон“, напишал Меден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот