Ова се петте знаци дека сте многу блиску до полусреќен брак!

профимедиа

Како би си го оцениле бракот? Искрено. Терминот „просечно“ ви звучи најблиску до вистината?

Шансите се големи една мала анкета меѓу вашите пријатели да покаже дека повеќето од нив својот брак би си го опишале токму со овој епитет. Сè ви е познато: возбудливите денови од почетокот на врската се далеку зад вас, и иако немате конкретна причина, сепак ништо не е особено добро.

Таа просечност во емотивните односи е всушност полусреќа. Таквите бракови не се доволно лоши за да завршат, но не се ни доволно добри за да предизвикаат задоволство. Експертите проценуваат дека многу двојки живеат токму во такви заедници, кои се резултат на „постромантичната“ доба.

Знаци дека живеете во полусреќен брак:

1 Темите на вашите разговори се секогаш практични – организација на домаќинството, децата…

2 Не можете да се сетите кога последен пат сте учествувале во нешто заедно.

3 Не отстапувате од своето однесување за да се усреќите еден со друг. Се сеќавате кога последен пат сте си приредиле изненадување?

4 Ако некој би ве прашал кои се моменталните интереси на вашиот партнер, вие не би можеле да одговорите.

5 Сè почесто нешто ве иритира кај вашата посилна половина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот