Ова се опасни грешки во готвењето: Од јајцата се добива салмонела, а медот може да биде канцероген!

Факт е дека готвењето дома е далеку побезбедно, отколку да се храните по ресторани, но и во домашни услови има начини како да ја сочувате храната за да биде безбедна за конзумирање.

Невозможно е да се препознаат опасните бактерии по изгледот или вкусот на храната. Меѓутоа, дури и малата количина на такви бактерии може да доведе до сериозно труење. За да го одбегнете тоа, не правете ги следниве девет грешки.

  1. Одмрзнување месо на собна температура

Опсегот на температурата што се смета за ризична за чување храна е од 5 до 60 степени. На оваа температура, штетните бактерии од храната можат брзо да растат и да се размножуваат. Поради тоа, месото секогаш треба да го одмрзнувате внимателно заштитено, односно покриено со соодветна заштита, или пак во фрижидер или во микробранова печка.

  1. Миење живо месо

Веруваме дека кога ќе измиеме нешто, тоа и сме го исчистиле, но тоа не е случај со месото. Миењето живо пилешко, говедско, свинско, јагнешко или телешко месо пред готвењето, не се препорачува. Причината за тоа е што бактериите од месото лесно можат да се прошират на други производи, површини и прибор.

  1. Ладење храна пред да ја ставите во фрижидер

Ова правило е од истата причина зошто и одмрзнувањето месо на собна температура е лоша идеја: бактериите брзо растат на температура од 5 до 60 степени. Поради тоа, може да биде навистина опасно оставањето производи што брзо се расипуваат надвор од фрижидер подолго од еден или два часа.

  1. Пробување храна за да видите дали се расипала

Невозможно е да ги препознаете опасните бактериите по изгледот или вкусот на храната. Меѓутоа, дури и мала количина на такви бактерии може да доведе до сериозно труење со храна. За да го одбегнете тоа, фрлете го секој производ за кого се сомневате дека се расипал.

  1. Пробување сирови теста

Никогаш не смеете да јадете живи јајца во кој било облик. Постои голема можност да ја содржат бактеријата позната како салмонела, која е прилично опасна за луѓето. Не пробувајте ни живо тесто, дури и ако е без јајца, бидејќи брашното може да содржи ешерихија коли.

  1. Маринирање месо или риба надвор од фрижидерот

Ова е уште една типична грешка што може да доведе до труење со храна. Повторно, секогаш имајте го предвид ризичниот опсег на температурата за раст на бактерии. Штом ставите маринада, ставете го месото или рибата во фрижидер.

  1. Недоволно печено месо или риба

Храната се смета за сигурна само кога се загрева на одредена температура. Ова е најдобриот начин да бидете сигурни дека сите бактерии исчезнале. За да бидете сигурни дали рибата или месото се правилно зготвени, може да користите кујнски термометар.

  1. Не ги миете рацете пред готвење

Бактериите живеат на сите површини, дури и на нашите раце. Помислете само колку работи допирате во текот на денот, а кога ќе почнете да готвите без да измиете раце, сите тие бактерии можете да ги пренесете во храната. И не заборавајте да измиете раце и кога ќе завршите со готвење.

  1. Изложување мед на високи температури

Според истражувањата, изложувањето мед на високи температури може да доведе до намалување на неговиот квалитет и може да доведе до зголемување на некои канцерогени соединенија. Така што, подобро е да не додавате мед во врел чај, на пример или врели оброци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот