Ова се најзлобните хороскопски знаци

Фото: Pexels/Polina Zimmerman

Сите познаваме некој кој чувствува опакост кон некого и им посакува да им се случуваат лоши работи на другите.

Според астролозите, една од причините поради која луѓето се однесуваат лошо е „запишана во ѕвездите“.

Па, кои хороскопски знаци имаат најголема тенденција да бидат злобни во односот со луѓето?

Рак

На врвот на листата се Раковите, кои се познати по својата нерасположеност и негативност, но тоа не е единственото нешто за кое треба да се грижите кога ќе му застанете на патот на Ракот.

„Не сакате да вознемирите едно од овие суштества“, предупредува астрологот Шарлот Кинг. Познато е дека раковите реагираат одбранбено на речиси сѐ, па дури и на добри работи.

„Злобата на овој знак се заснова на нивната заштита, па ако вознемирите некој Рак – бидете подготвени дека ќе ве пресече“, додава Кинг.

Фото: Pexels

Водолија

Иако Водолиите можат да бидат доста емотивно интелигентни кога се во прашање врските и пријателствата, тие често се изолираат од најблиските бидејќи немаат емпатија. Понекогаш тие можат да имаат голем комплекс на супериорност.

„Понекогаш нивниот интелектуален немир може да им даде чувство дека се семоќни суштества, верувајќи дека знаат најмногу, а дека другите околу нив се некако под нив, па дури и пониски“, вели Кинг.

Фото: Pexels/RODNAE Productions

Бик

Биковите се многу верни, а на другите околу нив им делуваат смирено и прибрано. Но, таа веселост и опуштеност може да се промени за неколку минути. Буквално.

„Опуштените Бикови делуваат безопасно, сѐ додека не им повредите нешто што им е драго“, вели Сидхарт Кумар.

Астрологот додава дека Биковите ги користат вашите ранливости за да ве удрат.

Бикот може да биде прилично груб ако се чувствува запоставен или изневерен, но најчесто се бунат поради скршеното срце.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот