Ова се најстарите луѓе што го победија коронавирусот

Коронавирусот како што е веќе познато е зараза која е најсмртоносна за постарите луѓе. Сепак, има случаи како овие каде тие биле постарите пациенти успеале да го победат вирусот.

Џенева Вуд од Сиетл, САД, која има 90 години, успеа да го победи коронавирусот. Таа од болница ќе биде пуштена следната недела

Пред неколку дена, иранските медиуми објавија и дека 103-годишна жена од пошироката околија на Техеран исто така се излечила од коронавирусот. А, пак, британските медиуми пишуваа за успешно излечена брачна двојка од Хангжоу, Кина – кинески астроном на 98-годишна возраст и неговата 85-годишна сопруга.

Едно од највозрасните излечени лица во Кина, според италијанските медиуми, е и пензионираниот бискуп од Нанјанг – монсињор Жу, кој има 98 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот