Ова се најсреќните денови во август: Дознајте кога се исполнуваат желбите, а кога се големи шансите да запознаете сродна душа

Unsplash
ФОТО: Unsplash

За да се утврдат поволни и неповолни денови во одреден временски период, според астрологијата, најдобро е да се следи месечевиот календар во кој се откриваат фазите на Месечината, како и влијанието на месечевата енергија врз нашите животи. Дали одреден ден ќе биде позитивен или негативен, зависи од позицијата на Месечината, нејзината фаза, како и хороскопскиот знак во кој се наоѓа во тој период.

Откриваме кои денови во август ќе бидат најсреќни според лунарниот календар!

3 август – Месечината е во Близнаци

Ова е денот кога ќе престанете да играте улога на жртва и ќе започнете да верувате во себе. Ќе дознаете како да го уништите старото и да создадете нешто ново во вашиот живот. Денот е поволен за да ја прифатиме сопствената природа каква што е, но и да се бориме против предизвиците, бидејќи ќе имаме неверојатна сила.

7 август – Месечината е во Лав

Ова е денот кога во сите сфери на животот се внесува светлина, моменти на мир и просперитет. Расчистувањето на кармата и правењето добри дела е клучно за овој ден со цел да се ослободите од кармичките долгови од минатото.

14 август – Месечината е во Скорпија

Комуникацијата е клучна на овој ден и вашите зборови ќе имаат голема моќ. Ве чека пријатно расплетување на настани на работа, бидејќи ќе имате креативна енергија на завидно ниво. Вие сте дружеубиви, комуникативни и точно знаете што да кажете. Затоа овој ден е фантастичен за преговори, планови и потпишување важни договори.

19 август – Месечината е во Јарец

Можно е да се сретнат две слични природи кои силно се привлекуваат една со друга. Идеален ден за слободните срца и поврзување со сродната душа. Интуицијата ќе биде зголемена и духовното и емоционалното ќе го преземат водството пред материјалото. Ќе бидете благодарни и ќе имате зголемено разбирање за да може да има подобрување во односите од минатото.

23 август – Месечината е во Риби

Прекрасен ден за да ослободите напнатост и да се подготвите за добриот одмор што ви треба. Секој настан ќе биде пријатен, врските во совршен ред и ќе имате чувство дека конечно сте воспоставиле хармонија во вашиот живот.

Извор: sensa.mondo

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот