Ова се најризичните места во домовите каде што коронавирусот најдолго се задржува!

Неодамна тестирањето спроведено во куќата каде што бил изолиран пациент заразен со коронавирусот покажа дека во ВЦ-школката, лавабото и рачката од тоалетот се наоѓа најмногу контаминација, пренесуваат странските медиуми.

Овој податок ја зголемува можноста дека уште еден начин за пренесување на ковид-19 вирусот може да е преку изметот.

Истражувањето го спровел д-р Сеан Веј Чанг Онга од Националниот центар за инфективни болести во Сингапур, каде што се покажало дека на заштитната опрема што ја носеле негувателите и на ходникот од куќата не било забележано присуство на вирусот.

Unsplash/ Cdc Bkc

Најризични простории за пренесување на вирусот се тоалетите, бидејќи после пуштањето вода во тоалетот, вирусот се шири низ просторијата и ги контаминира околните површини.

Новиот вирус очигледно долго време се задржува во фекалните материи. Затоа, доколку не ги измиеме убаво рацете и не го дезинфицираме тоалетот после употребата, постои зголемен ризик од заразата, пишува Business Insider.

Д-р Онг тестирал домови на 3 заразени пациенти кои биле изолирани во домашни услови. Кај секој од нив биле земени 26 примероци од собата во која поминувале најмногу време, тоалетот и ходникот кој води до тоалетот. Примероци биле земени и од лекарите кои ги посетувале додека биле во изолација.

Unsplash/Camilo Jimenez

Тестовите кои биле земени после чистењето на овие простории покажале негативен резултат.

Но, кога тестовите биле спроведени пред дезинфицирање на просториите на три места од вкупно пет во тоалетот биле најдени вируси, додека немало контаминација во ходникот. Станува збор за ВЦ школката, рачките и лавабото кои ги користела личноста заболена од корона, затоа во овие моменти најважна е дезинфекцијата на тоалетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот