4 C
Скопје

Ова се најголемите трендови на храна и нови здрави производи за 2021

Подготевни сте да ги чуете новите трендови на здрава храна? Може да се обложиме дека, повеќето од нив, до сега ви биле непознати, а подеднакво веруваме дека и вие, доколку го фаворизирате здравиот начин на живот, во текот на годинава ќе ги вклучите во вашето мени.

Постбиотици

Да – добро прочитавте. До сега ви беа познати пребиотиците и пробиотиците, но најновиот играч на полето на здрава храна, особено за здравјето на цревата, се постбиотиците. Постбиотиците имаат исклучителни антиинфламаторни и антиоксидативни својства, а помагаат и во зајакнување на имунитетот како и во зајакнување на бариерата на цревата.

Постбиотиците може да се најдат во некои од истите намирници кои содржат пробиотици, како што се кефир, кисела зелка, леб од кисело тесто и кимчи (корејска зелка). Очекувајте производителите на здрава храна во 2021 година, да ги форсираат токму постбиотиците, додавајќи ги во  прехранбени производи.

кимчи

Вкусно домашно кафе со крем 

Денес, кога една третина од населението работи од дома, многумина сами си ја подготвуваат и сервираат утринската шолја кафе, наместо да ја купат во кафуле. Неодамнешното истражување на компанијата за кафе „Мелита“ открива дека 45 проценти од испитаниците користат нов метод за подготовка на кафе, дома, во споредба со 2019 година. Дури 46 проценти од испитаниците изразиле интерес за подобрување на нивните вештини за подготовка на домашно кафе. Дополнително, очигледно е зголемена продажбата на органско (свежо мелено) кафе во светот – дури за 17 проценти.

Зголемена е продажбата и на кремовите за кафе, а се очекува вистински „бум“ во 2021. Особено помладите потрошувачи сакаат да експериментираат со кремасти вкусови на кафето. Така, во следната година очекувајте кремови за кафе со најразлични вкусови да бидат лансирани на пазарот.

Прочитајте и...  „Се чувствував виновен и длабоко посрамотен“: Ентони Хопкинс призна зошто му се препуштил на алкохолот

AI храна 

Вештачката интелигенција (AI) им помага на прехранбените компаниите да создадат производи за кои само можевме да сонуваме пред неколку години. На пример, компанијата „Перфект Деј“ создаде протеин за кој вели дека е идентичен со млечните протеини, но сепак е целосно вегански. Протеинот без животинско потекло ќе им овозможи на производителите на сладолед да создаваат најразлични вкусови кои се идентични на вистинските. Произведен е веќе и протеин од сурутка кои веќе е испробан во сладоледите, и да – совршено функционира! Во 2021 очекувајте од овој тип и сирења.

Производителот „Ит џаст“ користел вештачка интелигенција за да создаде „ег-фри“ производ како кандидат за замена на јајца. Додека компанијата „НотКо“ се фокусира на изнаоѓање на растителни алтернативи на храната од животинско потекло, и така создаде млеко без млеко кое е кандидат за замена за млеко, а е направено од протеин од грашок, сок од зелка, сок од ананас и други растителни состојки.

Микрозелени производи

Микрозелените производи не се баш нови, но апетитот на потрошувачите за нив е на највисоко ниво до сега. Овие ситни ластарки се бебешки колеги на зеленчук како моркови или брокула. Во минатото можеби уживавте во овие микрозелени хранливи „бомби“ поставени на врвот на луксузен оброк послужен во некој скап хотел или ресторан, но во 2021 година веќе ќе можете да ги најдете во секоја поснабдена самопослуга и тоа во огромен број сорти, вклучувајќи ротквица и зелка. Тие не се само шарени и симпатични, туку и преполни се со хранливи материи. Студијата направена во 2012 година покажа дека микрозелените производи имаат четири до 40 пати повеќе хранливи материи од нивните „возрасни“ колеги. Може да ги комбинирате со јадења од јајца, во сендвичи и салати, во смути…одлични се за разубавување на вкусот, а „пукаат“ од нутритивни материи. И тоа не е сè, овие микрозелени ѕвезди на годината ќе може да си ги одгледувате и дома, зашто веќе некои компании се подготвени да лансираат семиња. Потребни се само 7 дена за да се одгледуваат некои од микрозелените, што е далеку побрзо и полесно од одгледување на „класичен“ зеленчук.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Оливера се огласи на Инстаграм, првпат по смртта на Балашевиќ
фејсбук

Алгите како замена на зелената салата и зелката

Традиционално користени во јапонската, корејската и кинеската кујна со илјадници години, морските алги полека но сигурно влегуваат во американската и европската мејнстрим кујна. Секако, овие алги сте ги дегустирале веќе во јапонските ресторани, на пример во сушито и во мисо супата, но не сте ги замислувале, до сега, како дел од вашата секојдневна исхрана.

Морските алги се суперѕвезди на 2021 година, нудат неколку минерали, како и калциум и витамини од групата Б.

А, за полесно да се навикнете на нив, наскоро ќе бидат лансирани и коцки за супа и прашок за смути од морски алги. Задоволство за сите, особео за веганите.

pixabay

Мешавини од зачини

Прочитајте и...  Богатата наследничка во долгови: Тамара во 2020 година загубила милиони!

Да си признаеме дека немаме баш некој посебен однос кон зачините, односно ако ни треба цимет – трчаме до првата продавница и го купуваме поефтиниот производ или пак, воопшто не проверваме од каде потекнува овој цимет. Но неколку главни играчи на пазарот веќе работат да го променат тоа – па така очекувајте нови производи кои ќе потекнуваат од најдобрите места во светот каде што природно најдобро се одгледува одреден зачин. Кога сме кај зачините, тоа не е се – како што се ширеше пандемијата, на потрошувачите им недостасуваше омилената храна во рестораните и така почнаа да се обидуваат да ги реплицираат овие вкусови дома. Според новата студија, ова довело  до зголемена побарувачка за автентични зачини и сосови.

pixabay

Гледајќи потреба за поквалитетни зачини отколку што до сега можеа да се најдат на полиците во супермаркетите, повеќе лидери во производство на зачини почнаа да создаваат производи кои содржат мешавина од повеќе зачини. Во 2021 година ќе биде вообичаено да се појават и нови имиња на зачини – односно на мешавини од зачини. На пример, како веќе лансираните адобо, зачин направен од лук, куркума, оригано и црн пипер,  сазон –  мешавина од коријандер, мексиканско анато, ким, лук, оригано, сол и бибер кој се користи во стотици рецепти, вклучувајќи грав, ориз и пилешко.

Поврзани вести

Бојана Јовановска: Сè уште сме општество во кое ќотекот е дисциплинска алатка

Ј.К.Д

Хју Грант ќе глуми негативец во филмот „Dungeons & Dragons“

Слободен Печат

ФОТО | Најубавите микроапартмани: За среќа, доволни се 30 квадратни метри

Слободен печат

НАУЧНИЦИТЕ ФАСЦИНИРАНИ: Морско животно помина когнитивен тест… дизајниран за деца!

В.Т.

ФОТО+ВИДЕО | Еве како ќе изгледа првиот хотел во вселената

Слободен Печат

Ненадејно почина актерот Џамил Френч

Слободен Печат

Остави Коментар