Есента пристигна, а со тоа се отвори и студената сезона. Болки во грлото е еден од непријатните симптоми и може да трае со денови. Полесни болки во грлото се лекуваат полесно отколку што мислите и не мора да вклучуваат лекови. Излегува дека чајот има бројни придобивки во лекувањето на болки во грлото.
„За настинки и болки во грлото, чаши топол чај од секаков вид веројатно ќе ја ублажат болката веднаш“, изјави Дајан Мекај од Универзитетот Тафтс за Лос Анџелес Тајмс.
Поточно, д-р Роберт Глатер тврди дека истражувањата покажуваат дека зелениот чај има антиинфламаторно дејство, што може да помогне во намалување на отокот на ткивата во грлото.
„Истото важи и за чајот од нане, кој содржи ментол, соединение познато по неговите смирувачки ефекти“, објасни Глатер.
Ако не сте љубител на зелен чај или чај од нане, посегнете по чајот од лимон.
„Одлична помош за болки во грлото и настинките бидејќи е полн со витамин Ц кој помага во зајакнување на имунитетот. Ако сакате да го ублажите горчливиот вкус, секогаш можете да додадете малку мед“, истакнува д-р Јерал Пател за Здравје на жените.
А чајот од куркума прави чуда кога станува збор за воспаление на грлото.
„Куркумата има антивирусни, антибактериски и антиинфламаторни својства кои помагаат во смирување на болката и зајакнување на имунитетот“, додава Пател.