Ова се најчести предизвикувачи на алергии

Нетолерантноста кон некаков вид храна е состојба кога телото не произведува некаков ензим од храната и поради тоа се јавуваат проблеми при нејзиното варење.

На пример, алергијата на лактоза значи дека организмот не произведува доволно од ензимот лактаза кој помага во варењето на лактозата (шеќер во млечните производи).

Како резултат на ова, се јавува алергија која всушност е имунолошка реакција на некој протеин од храната која ја консумираме. Неколку минути по голтањето се појавуваат низа симптоми како што се: иритација на кожата, отоци на телото или потешкотии со дишењето.

Алергиите се особено карактеристични во бебешката и детската возраст, а како извор најчесто ги имаат млечните производи, јајцата и брашното. Алергиите, пак, на јаткасти или морски плодови се развиваат на подолг временски период.

Осум најчести предизвикувачи на алергија се следниве прехранбени производи

– млеко и млечни производи

– јајца

– риба

– морски плодови

– брашно

– кикиритки

– јаткасти плодови (ореви, лешници, бадеми)

– соја

Останати алергени кои се поретки, но подеднакво опасни: семе од сусам и афион, пченка, вештачки ароми и бои, како и разни производи од животинско потекло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот